Опции за страната   
 Изберете тема:
 Позадина: обична   обоена
 Превклучи на танок изглед
  Центар за обука  -   Форум  -   Блог  -   Анкета  -   Презентации во живо  
 
 
 
 
изберете јазик:   
Почетна
НППВидео ...
Контактирајте неВлез  
 
 
 
Најчесто Поставувани Прашања

   № 1: Како да станам член на FLP

За да станете дистрибутер на FLP, најнапред треба да пронајдете дистрибутер кој ќе биде Ваш спонзор и ментор.
Тоа е човекот кој ќе Ве воведи во бизнисот со FLP, ќе Ве обучи, ќе Ви помага, ќе работи заедно со Вас и ќе Ве советува и упатува во работењето, се со цел успешно градење на ВАШИОТ бизнис со FLP.

Во случај да не познавате таков Ве молиме пополнете го следниот формулар, и некој од нашите успешни дистрибутери ќе контактира со Вас.

 

Ви посакуваме успешна соработка...

   № 2: Од кого можам да ги научам правилата за работа во FLP?

Задачата за Вашето запознавање и воведување во бизнисот со FLP е задача на Вашиот спонзор. Тоа е човекот од кого ќе научите за правилата за соработка со компанијата, за производите и начинот на нивното користење, тоа е човекот кој ќе Ве известува за обуките, програмите за мотивација и патување и сите останати настани, случувања и новости сврзани и организирани од компанијата.

Повеќе детали за тоа како да пронајдете спонзор и како да го започнете бизнисот со FLP проверете го одговорот на прашањето бр. 1.

   № 3: Зошто треба да се вклучам во мрежниот маркетинг?

Доколку сте ги пробале производите на фирма која што користи Мрежен Маркетинг за нивното дистрибуирање, ви се допаднале и сакате да ги користите и во иднина, препорачливо е да склучите договор со фирмата и да се вклучите во нејзината мрежа.
На тој начин Вие
ќе се стекнете со право да купувате директно од дисконтот на фирмата по цени на големо (дистрибутерски цени). Повеќето фирми кои функционираат на принципите на Мрежниот маркетинг бараат такса за зачленување (вклучување) во мрежата.

За среќа FLP Ви ја предлага оваа можност само со потпишување на дистрибутерски договор. Кон тоа ќе Ве насочи Вашиот спонзор. Од него ќе научите и за можноста за бизнис, ако сакате да ја искористите.

   № 4: Што е мрежен маркетинг?

Мрежниот маркетинг е еден релативно нов начин на трговија, чии што предности ги натерале специјалистите да сметаат дека во блиска иднина тој ќе се наметне како основен, заземајќи го местото на досегашниот традиционален начин на пазарење. Основните предности се:

-       отсуство на повеќе од еден посредник меѓу производителот и крајниот потрошувач, со што се избегнува непотребното оскапување на производите;

-       се елиминира потребата од складови, продавници и персонал со што се заштедува;

-       се користи принципот на најдобрата реклама - добриот збор кажан од задоволен клиент - тоа заштедува средства за реклама, ја закрепнува довербата во производите и е гаранција за висок квалитет;

-       ја дава најпримамливата шанса за заработка за многу луѓе;

Сето ова се остварува преку градењето на мрежа од корисници од каде што и доаѓа името Мрежен маркетинг.

   № 5: Што ако не знам ништо за продажбата?

Секој од нас, секојдневно нешто продава!

Разликата со сите останати системи е во тоа што за тоа не ни плаќаат. 
Кога ги споделуваме нашите информации со некој човек, ја продаваме нашата слика за потребата, квалитетот, иднината. Тоа се однесува и на човекот кој се интересира за правилна диета (исхрана), или за жената на која и потребна некоја крема за негување на раце или тело, или на родителот кој е во потрага по најдобрата храна за своето дете и сл.
Продажбата всушност не е ништо друго освен размена на информации со другите луѓе за некој производ, услуга или за можностите. Колку повеќе учиме и запознаваме, толку повеќе можеме да споделуваме со другите.

Ако сакате да учите, ние ќе Ве обучуваме.

Следете ја следнава врска и пријавете се за една од понудените обуки. Нашите стручни соработници од таа област ќе ве контактираат за уточнување на деталите.

   № 6: Каде можам да ги продавам производиет на компанијата FLP?

Предноста на дистрибутерската дејност при компанијата Forever Living Products е голема затоа што Ваша територија за продажба буквално ќе биде целиот свет.
Тоа е една од ретките компании, воопшто, која ви нуди можност да работите на интернационално ниво. Компанијата во моментов има свои претставништва во повеќе од 130 земји во светот, што всушност претставува вашата „рамка“ во која можете да делувате.

Покрај тоа соработката со FLP значи и можности за:

       Дополнителни приходи со скратена работа

       Неограничени можности за постојан ангажман

       Повеќе слободно време

       Динамично распоредување на задачите (располагате со сопственото време, самите одлучувате: кога, каде и колку ќе работите)

   № 7: Колку ќе треба да се работи неделно?

Друга голема предност кај дистрибутерската дејност на компанијата FLP е тоа што дистрибутерите сами си го организираат своето работно време. Вашето распоредување на времето го одредуват Вашите цели во склад со Вашите желби во врска со криерата и заработката.

   № 8: Колку можам да заработувам?

Една од најпопуларните предности на дистрибутерската дејност кај команијата FLP е тоа што постојат десет различни начини на заработка односно на зголемување на приходот. Постои можност за извршувње на деловна дејност во полно или неполно работно врема. 
Темел на Вашата заработка секако ќе биде вложениот труд.

   № 9: Дали треба да се сконцентрирам само на вклучување на нови дистрибутери и да ја занемарам продажбата на мало на моите производи?

Не! Во никаков случај не правете ја таа грешка. Продажбите на мало од производите се основата и срцето на МЛМ бизнисот. Прво, ако не се продава производот и не се распространува истиот, овој бизнис е опасно блиску до определувањето на „пирамидална шема“. 
Мулти Левел Маркетинг-от е законска форма на трговија и како таков треба да обезбеди долгорочен пораст и стабилен доход, но само во услови кога производот се распространува. Ако бројот на дистрибутери е приближно еднаков на бројот на распространети производи, тогаш отстапете од таков бизнис
.

 

Продажбите на мало се важни и од други причини. Тие го определуваат средниот доход, тоа помага да стане производот познат, а со неговата популарност доаѓаат препораките и новите клиенти. Всушност продажбата на мало е суштински дел од вашиот МЛМ бизнис.

Вести:

Архива  >

  Галерија:

Најновите фотки
Архива на фотки

Виц на денот:

Зошто се животните попаметни од луѓето? - Пушти 20 коњи да се тркаат и 500 луѓе ќе одат да ги гледаат. Пушти 20 луѓе да се тркаат, нема да дојде ни еден коњ.

Следен  >


* Кликнете на прашањето или на одговорот за да го погледнете целосниот одговор!
Центар за обука | Форум | Блог | Анкета | Презентации во живо | Придружете ни се | Контакт
©2005 - 2010 кеосам тим, сите права задржани. Услови за користење